Знамињата и грбовите на поранешна Југославија | Мртва трка помеѓу БиХ и Македонија за најгрдо знаме

7702

5. СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА СРБИЈА

Најголемата и најмногубројната југословенска република – Сојузна држава Србија (1945), па Народна Република Србија (1946), па Социјалистичка Република Србија (1963) – имала најубав грб од сите републички. Трета по развиеност, но прва најкул, СР Србија го има најспектакуларниот симбол.

Автор на грбот е српскииот сликар и графичар Ѓорѓе Андреевиќ Кун, кој е и автор на грбот на градот Белград.

Официјалниот опис на републичкиот грб гласи вака: “Грбот на Социјалистичка Република Србија претставува поле од една страна со житно класје, а од друга страна со лиснати дабови гранчиња. Житното класје и дабовите гранки долу се поврзани со лента на која се напишани годините на востанието на српскиот народ 1804 година и на почетокот на Народноослободителната војна и социјалистичката револуција 1941 година.

Помеѓу врвовите на житното класје и дабовите гранчиња е црвената петкратна ѕвезда. Во полето над лентата има фигура на сонце, а во сончевото поле дел од запчаник. Над сончевите зраци се наоѓал штит на кој правилно се распределени четири оцила.”

6. СОЦИЈАЛИСТИЧКА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Продолжува на страна 6