Што е злоставување во училиште (bullying)

1869

Несреќни деца кои патат од анксиозност и нервоза, имаат ниска самодоверба која останува и во раните младешки години, се обидуваат да го избегнуваат училиштето и дружењето, потиштеноста им е поголема во однос на врсниците.

Некои жртви на злоставување се толку вознемирени што вршат или се обидуваат да извршат самоубиство. Неколку случаи на самоубиства од страна на момчиња кои биле сериозно злоставувани се појавиле во Норвешка во раните 80-ти години од минатиот век. Тие трагични настани доведоа до тоа, таа земја да покрене голема национална програма против насилството. Колку побрзо се спречи злоставувањето, толку е подобро за жртвата. Колку злоставување е подолготрајно, веројатноста од долгорочни последици е поголема. Некои последици од статистичките податоци:

  • 20 отсто жртви не се редовни на училиште за да избегнат малтретирање
  • 29 отсто имаат проблеми со концентрацијата
  • 22 отсто чувствуваат симпотими на физичка болест
  • 20 отсто имаат проблеми со спиењето

Одреден процент на жртви се обидуваат или прават самоубиство (16 случаи годишно во Велика Британија).

Исто така важно е да се препознаат сериозните долгорочни последици кои се однесуваат на тие кои ги злоставуваат:

  • Склони се да станат агресивни возрасни луѓе
  • Почесто од своите врсници судски се казнувани

Родители, запознајте се со bullyng и запознајте ги своите деца со овој облик на насилство:

  • Помогнете им да го избегнат злоставувањето и да побараат помош од постарите ако забележат злоставување во својата околина!

roda.hr