Стилот на родителството се менуваше изминатите децении, а изгледа дека најголемата разлика е забележана во изминатите 30 години.
Следува што децата слушале и правеле во ’80-те години од минатиот век и како денес родителите се однесуваат кон своите деца:
1.
- 1985: Баш си се извалкал надвор, изледа супер си помина. Стави го веднаш сето тоа за перење.
- 2015: Немој случајно да си извалкал надвор! Немој да скокаш, немој да трчаш, немој да се валкаш по подот!
2.
- 1985: Не смее да станеш од масата додека не изедеш се од чинијата.
- 2015: Не ти се допаѓа тоа? Сега ќе ти зготвам нешто друго.
3.
- 1985: Ако ти остане кусур купи чунга лунга мастики.
- 2015: Во корпата веќе стави пет слатки работи, оваа ти е последна!
4.
- 1985: Врати се дома, не може толку доцна да си играш надвор.
- 2015: Тргни се од тој компјутер и оди малку надвор.
5.
- 1985: Учителката те казнила? Веројатно си заслужил.
- 2015: Утре одам кај директорот. Не смее таа така да се однесува кон моето дете!
6.
- 1985: Се скара со Марко? Добро, решете го тоа сами до утре.
- 2015: Марко ти викаше? Сега ќе и се јавам на неговата мајка!
Продолжува на страна 2



















