Загрижувачки предвидувања | Дали светот ќе остане без вода?

1489

Глечерите на планината Килијан во Кина се топат со рекордни брзини, додека глобалното затоплување носи непредвидливи промени и ги зголемува изгледите за долгорочен недостиг на вода, предупредуваат научниците.

Најголемиот глечер на планинскиот венец долг 800 километри, сместен на сувиот североисточен раб на Тибетското плато, се намали за околу 450 метри од средината на минатиот век, кога научниците ја поставија првата станица за да ја следат и проучуваат.

Глечерот од 20 квадратни километри, познат како Лаохогу број 12, од почетокот на мерењата се намалил за околу седум проценти, а топењето се забрзало во последните неколку години, пишува CNN.

Подеднакво загрижувачки е загубата на дебелината на глечерот за околу 13 метри мраз, што е предизвикано од зголемувањето на температурите.


Сателитски фотографии од глечерот Лаохогу бр. 12, планините Килијан, провинција Гансу, Кина, од 20.09.2018 (горе) и на 5 јули 2020 година.

Тибетското плато е познато и како трет пол на Земјата, поради количината на мраз што се наоѓа на неа.

Сепак, од средината на минатиот век, просечните температури се зголемија за 1,5 степени Целзиусови и без изгледи да се стави крај на глобалното затоплување, експертите немаат светли прогнози за 2.684 глечери на планината Килијан.

Намалувањето на глечерите помеѓу 1990 и 2010 година било за 50 проценти поголемо отколку во периодот од 1956 до 1990 година, покажуваат податоците на Кинеската академија на науките.

Протокот на вода во реката во близина на најголемиот глечер е скоро двојно поголем од пред 60 години, тврдат научниците.

Поради глобалното затоплување, снегот и дождот во овој регион повремено беа поретки од вообичаеното, и иако топењето на глечерите доведе до поголеми текови на вода во реките и потоците, земјоделците во подножјето на планината продолжуваат да се соочуваат со недостиг на вода.

Овие нови флуктуации носат и опасност од поплави, кои се почесто се јавуваат во овој регион напролет, додека во летниот период има недостиг на вода, кога е повеќе потребно за наводнување на земјоделските култури.

Топењето на кинеските глечери може да го достигне својот врв за десет години. После тоа, топењето на глечерите нагло би се намалило поради намалувањето на нивната големина и број, што може да доведе до недостиг на вода, предупредуваат научниците.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.