Научниците потсетуваат дека качувањето по скали е форма на интензивна физичка вежба.
Секојдневното качување по 50 скали, приближно до петтиот кат од зградата, е поврзано со 20 отсто помал ризик од развој на кардиоваскуларни болести, покажа новото истражување на меѓународен тим научници, кои ги објавија резултатите од студијата во списанието Atherosclerosis.
Откритието е засновано на студија за навиките за животниот стил на 458.860 возрасни лица од UK Biobank, која содржи важни здравствени податоци како семејна медицинска историја, генетски ризици и податоци за висок крвен притисок, а сето тоа истражувачите го вклучиле во нивната анализа.
Истражувањето покажало дека качувањето по скали го намалува ризикот кај сите субјекти, особено кај оние кои не припаѓаат на високоризичната група на луѓе склони кон развој на срцеви заболувања.
Предностите на оваа физичка активност се следните – таа е бесплатна, не бара одење во теретана или поседување на некоја посебна спортска опрема, може да се изведува без оглед на временските услови и е нешто што повеќето од нас обично го прават како дел од нашето секојдневие.
Научниците потсетуваат дека качувањето по скали е форма на интензивна физичка вежба.
Исто така, вреди да се спомене дека кај луѓето кои престанале редовно да се качуваат по скали за време на периодот на истражување, кој траел во просек 12,5 години, забележан е 32 отсто поголем ризик од развој на кардиоваскуларни заболувања во споредба со оние кои никогаш не се качувале по скали.
Научниците конкретно ги следеле луѓето кои страдале од атеросклеротична кардиоваскуларна болест (ASCVD). Се карактеризира со состојби како што се коронарна артериска болест и исхемичен мозочен удар, чести причини за смрт ширум светот.
Физичката активност долго време се промовира како начин за намалување на ризикот од развој на ASCVD, иако поврзаноста помеѓу качувањето по скали и здравјето на срцето не е детално проучена.
Зајакнатиот срцев мускул придонесува за регулирање на крвниот притисок и зајакнување на самиот орган, одржувајќи го поздрав и подолго заштитен од болести.
Ова не е прва студија која ги промовира придобивките од качувањето и спуштањето по скали. Оваа физичка активност претходно била поврзана со намален ризик од развој на рак и подобрување на кардиореспираторната кондиција, па следен пат, доколку имате шанса, наместо лифт, одлучете се за скали.
Студијата ни понуди нови докази за заштитните ефекти на качувањето по скали кога е посредуван ризикот од развој на ASCVD, особено за поединци со повеќе фактори на ризик за развој на ASCVD, забележа епидемиологот Лу Чи од американскиот универзитет Тулејн.
Информацијата ја пренесоа бројни здравствени портали како Medical News Today и Science Alert.



















