Ние водевме, водевме, водевме, и … Duncan Laurence победи | Видео

1533

Откако 26-те натпреварувачи ги изведоа своите песни, започна гласањето на публиката и националните жирија кои одлучија која песна заслужува титула најдобра песна во Европа.

Во гласањето учествуваа 40 држави од 41-на земја учеснички, бидејќи Белорусија поради откривање на гласовите беше дисквалификувана.

Победникот е Холандија со 492 поени, втора Италија со 465, а трета беше Русија со 369 поени.

Така, по 44 години Евросонгот се враќа во Холандија.

По националното гласање на жирито во водство беше Шведска со 239, два гласа повеќе од Македонија, и Холандија.