Испуканите врвови на косата може да се ублажат, но мора да бидете упорни и внимателно да ги избирате препаратите за нега на косата и скалпот.
Но мора да бидете и свесни дека буквално ништо не се случува преку ноќ, па тоа што одредени препарати сте ги употребиле само неколку пати, не значи дека ќе направат вашата коса со сигурност да премине од сува во нормална.
Еве неколку совети како со помош на природни препарати да се изборите со овој проблем:
Јогурт и маслиново масло
Промешајте ¼ шолја полномасен јогурт со лажица маслиново масло. Добиената смеса нанесете ја на косата и оставете ја да делува 15 до 30 минути, а после тоа исперете ја косата како и вообичаено.
Жолчки и мед
Една жолчка измешајте ја со една лажица мед, нанесете ја на косата и оставете ја да отстои еден до два часа. Медот е познат по тоа дека ѝ ја враќа влажноста на косата.
Жолчките пак се преполни со протеини и аминокиселини коишто го спречуваат исушувањето на косата и ја намалуваат нејзината кршливост. Комбинацијата од овие два производи ќе направи вашата коса да биде значајно посилна и посјајна.
Третман со топло кокосово масло
Во ¼ шолја топло кокосово масло додадете неколку капки етерично масло од рузмарин. Мешавината нанесете ја на сува коса, а посебнo втријте на краевите на косата. Потоа косата замотајте ја во пешкир и оставете маската да делува дваесетина мнути, а можете и подолго, бидејќи така ќе постигнете и подобри резултати.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.