Почина Момо Николовски

921

По долго и тешко боледување денеска почина Момо Николовски на далеку познат македонски естраден уметник.

Откако ја дознал дијагнозата на својата опака болест тој изјавил: Подолг период имав болки во стомакот, повраќање, но лекарите претпоставуваа дека се работи за чир. Редовно одев на контроли, секогаш сум бил доста внимателен кога е здравјето во прашање, ми се правеше гастроскопија во повеќе наврати. Не знам како ниту еден лекар не успеа да види за што станува збор и за жал, морам да констатирам дека се работи за лекарски пропуст, бидејќи на ниту една контрола претходно никој не забележал ништо. Да не одев на контроли, некако и ќе разберев, но вака… навистина е тешко.

Подолго време на лекарите ништо не им било сомнително, но по еден детален преглед му бил констатиран карцином на желудник.

И, покрај големите напори да се стори нешто повеќе, Момо не успеа.

Сашо Ливрински напиша на својт статус: Почина мојот кум, човекот што ми беше втор татко, кому му должам се околу мојата кареиера. Куме, Момо Николовски, немам зборови со кои би искажал колку сум тажен, дури и солзите ми пресушија… Почивај во мир и пеј куме таму горе, пеј, јас сигурно ќе те слушнам…

Почивај во мир Момо.