Нови средби со бугарската публика на поетот Филип Димкоски

405

Деновиве во Софија, поетот Филип Димкоски имаше две претставувања на бугарското издание на неговата книга “Во градината има само љубов”.

Првата средба се случи во средното училиште “Иван Вазов” со учениците љубители на поезијата и философијата и со нивните наставници по бугарски јазик и по философија. Во ова училиште средбите со Димкоски веќе стануваат традиционални, а од 2016 година песната на “И каменот има душа” од Филип Димкоски се анализира и се обработува на часовите по философија и по бугарски.

Учениците овојпат кажаа дека не сакаат да постаувваат многу прашања, туку дека еднсотавно сакаат да слушаат поезија…Сосема ме изненади тоа оти во ова училиште добивав многу прашања, но изјавата дека сакаат да слушаат многу ме усреќи. Им благодарам на учениците и на наставнците Виолета Инева и Илија Григоров-рече Димкоски, по промоцијата.

Втрата промоција пак се случи во истиот ден во Народното читалиште “П.К. Јаворов” во Софија, кое дејствува на полето на културата уште од 1920 година. Во пријатна атмосфера исполнета со книги и убава енергија од почитувачите на поезијата, Димкоски рецитираше своја поезија, а за него говореа препејувачката Палмира Никленова, рецензентката на книгата, бугарската авторка Ина Крејн и писателот Димитар Никленов од издаваштвото “Палмира” кое досега објави две книги на бугарски од Филип Димкоски. Промоцијата заврши со аплаузи, комплименти, коментари и дискусии, со колачиња и со вино.

Бугарското издание на книгата објавено е во мај и промовирано во Стара Загора, издавач е издателството “Палмира”, песните ги препеа Палмира Никленова, уреник е Димитар Никленов, корицата е на Кристијан Јованоски, предговорот го напиша Александар Димкоски, а рецензенти се Ина Крејн, Снежана Алексиќ Станојловиќ, Гордана Попсимонова и Васил Тоциновски.

Следната година поетската книга “Во градината има само љубов” се очекува да има нови претставувања во Казанлак и на други места во Бугарија, а издавачот најави и објавување на нова книга од Димкоски на бугарски јазик.

Неодамна поезија на Димкоски беше објавена на српски јазик на порталот Поента.нет и на словенечки јазик во првата електронска книжевна ревија во Словенија „Лоцутио“ во препев на Здравко Коки Кокановиќ. Се очекуваат нови објави на руски и на црногорски јазик, а за следната година Димкоски ни откри дека подготвува поетско-музички перформанси за македонската публика.