Високоинтензивните фитнес програми предизвикуваат такви оштетувања на колената и зглобовите кај 20-годишните какви што обично се карактеристични за 60-годишните. За тоа предупредуваат хирурзи, цитирани од Дејли мејл.
Под Високоинтензивните вежби хирурзите ги подразбираат кросфит комплексите, вежби со вежбање на велосипеди, како и сумо сквотови. Овој тип на вежби овозможуваат високоинтензивните кратки тренинзи на луѓе со малку време.
Ортопедите од универзитетската болница на Саутемптон ја оценуваат штетата по коските и зглобовите на пациентите како нормални возрасни луѓе, воени или професионални фудбалери. Но, пациентите им се од секакви професии. Кај голем дел од нив се наметнува и хируршка интервенција.
Од Оксфордскиот универзитет се смета дека операциите поврзани со оштетени коски и зглобови од вежбање, се зголемиле за 730% за последните 14 години. Се очекува растот да е од 1400% до 2023 година.
За младите фитнесот е религија. Тие стануваат фанатици и минуваат надвор од границите на подносливост за нивните тела, сметаат хирурзите.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.



















