Откријте дали сте здодевни во креветот

680

Познат факт е дека страста се намалува со текот на времето, без разлика колку сте биле вљубени на почетокот!

Сепак, тоа не значи дека перформансите во спалната треба да ви станат рутински и досадни.

Дури и да не чувствувате желба да се соблечете, како првите неколку пати, не очајувајте и не престанувајте да работите на случајот за да успеете да ја сочувате хемијата и желбата за интимност.

Како да препознаете дали сте и досадни на вашата партнерка во кревет? Обрнете внимание на овие 5 знаци и брзо превземајте мерки, за да не си најде некој друг:

Таа постојано си легнува во различно време од вас

Можеби не и се гледа наредната епизода на “Игра на тронови” или некоја друг серија, но ако намерно си легнува во кревет пред или после вас и брзо заспива(или се преправа дека спие), тогаш таа дефинитивно избегнува интимност.

Што да направите: раздвижете ги работите со неколку секс пораки во текот на денот. Соблазнете ја со зборови и романтични гестови.

Таа држи само на една поза

И најлошо е дека ова е вашата омилена поза во која ејакулирате брзо. Очигледно, целта и е да си “ја изврши обврската” и да ве оттргне побрзо од себе.

Што да направите: Како за почеток додадете некој потег кој ќе и предизвика повеќе задоволство дури и за време на оваа една поза. Вметнете некоја играчка во акција или стимулирајте и го клиторисот и нејзините сетила, дополнително со прсти и усни.

5 señales que indican que un hombre es malo en la cama | Nueva Mujer

Одбива оргазам?

Вие и нудите да ја задоволите со орални бакнежи, а таа одбива. Дали е можно? Штом е подготвена да се лиши од такво задоволство, тогаш ситуацијата е многу сериозна.

Што да направите: Веројатно таа мисли дека сакате да и предизвикате оргазам само за да го кренете сопственото его. Докажете и дека, нејзиното задоволство, го правите само за неа. Ако откаже наутро повторно пробајте, но надвор од спалната соба. Покажете и љубопитност во врска со нејзините сексуални желби.

Прашува: “Сврши ли?”

Во превод тоа значи: “Ајде, свршувај не можам повеќе”. Лошата вест е дека по оваа реченица, веројатно ќе ви биде уште потешко ејакулирате.

Што да направите: Ако сте далеку од оргазмот, фокусирајте се на тоа да ја возбудите. Покажете и дека целосно сте фокусирани на неа – милувајте ја нежно, гледајте ја во очите, бакнувајте ја по телото и усните. Нека разбере дека сексот не е само некакво вежба, а вие сакате таа да чувствува задоволство.

Таа не сака да се соблекува

Понекогаш може да биде секси, жената да остави некоја облека(долна облека)на себе за време на секс. Но, ако таа постојано одбива дури и да си ја тргне блузата, а само го крева здолништето или ги свлекува панталоните без да ги соблече целосно, значи дека сака максимално брзо да заврши сексот.

Што да направите: Насочете ја. Побарајте и бавно да ја тргне облеката, пуштете секси музика. Натерјате ја да се потруди. Првично може да се повлекува, но во процесот на предигра и нејзината возбуда ќе се зголеми.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.