Паштета од пушена риба 

177

Потребно

  • 400 грама топла пушена скуша (каре)
  • 200 грама крем сирење
  • сок на 1-2 лимони
  • 1 мала врска листови од магданос
  • 1 лажица трпезен рен
  • неколку капки маслиново масло
  • неколку стапчиња свеж кромид
  • црн пипер
  • сол, ако е потребно

Подготовка

Сите состојки се ставаат во кујнски блендер и се мелат во фина паштета. Послужете во соодветни чинии со топол и крцкав леб.