Американскиот онколог Питер Б. Бах аа магазинот Њу Јорк напиша трогателна интимна приказна за болеста и заминувањето на својата сакана Рут.
На првото црвено светло на кое застанавме по излегувањето од болницата од жолтиот плик со нетрпение ги извадив ПЕТ скеновите, резултатите на рентгенот и ги кренав према сонцето. Дури и на слабото светло кое допираше низ замаглените прозорци на автомобилот беше доволно да разберам она во што гледам за да дознаам што се случува во телото на мојата жена. А потоа прескршив два брачни завети кои ѝ ги дадов, и тоа најважни од сите: под број еден – почнав да се однесувам како нејзиниот лекар, под број два – почнав да ја лажам.
“Не можам да разберам, не можам да се ориентирам. Ќе треба да почекаме да ги однесеме снимките на твојот онколог”, ја уверував. “Јас сум експерт за белите дробови, а не за читање на овие снимки”, ја мамев, иако ми беше повеќе од јасно. Ракот се проширил насекаде. ПЕТ скеновите не е толку тешко да се прочитаат. Радиоактивните зраци кои минуваат низ телото мерат колку работа вршат различните видови на клетки. А клетките на ракот се многу активни работници. Снимките се како да гледате на земјата од височина ноќе. Кога ракот го нема изгледаат смирени како морска површина. Лошата вест е дека се како центарот на Чикаго или Њујорк.
Рут молчеше. Молчев и јас. Само што јас знаев. А таа не. Или можеби само насетуваше. Мојата жена, мојата Рут, почина осум месеци подоцна.
Навидум нормално
Лекарите во Центарот за лекување на тумори Memorial Sloan Kettering, каде што бев лекар повеќе од 10 години и каде на Рут за прв пат ѝ беше дијагностициран рак на дојка пред три години, не требаше долго да ги интерпретираат снимките. Седевме на нашиот кауч, секој со својата слушалка од телефон во рака. Онкологот ги користеше сите оние мене добро познати термини – метастази, брза радијација, фокусирање на квалитетот на животот, не излекување.
“Ние можеме да направиме многу повеќе. Можно е да добиете уште многу години”, одговара на прашања кои никој не му ги поставил, за потоа да се враќа на суштината: “Веќе не можеме да ве излечиме. Нашата цел е да го забавиме ракот и да ви дадеме најдобар можен квалитет на животот.” Значи, наскоро ќе умрете.
Гледав како со ноктите поминува преку својота руса коса. Токму тој ден отиде на свеж маникир. Темно црвена. Таа изгледаше еднакво здрава како и во моментот кога прв пат се видовме во балтиморската симфонија, пред 17 години. И подеднакво убава. Но, додека гледав во љубовта на мојот живот, јасно можев да ја видам нејзината иднина. Сите оние луѓе за кои се грижев како лекар. Едните сосема исушени, другите сосема жолти заради откажување на црниот дроб, третите потечени од течноста која им се насобира во екстремитетите, четвртите делирични поради откажување на бубрезите, лековите против болки и метастазите на мозокот. Некои беа толку стари колку и Рут, многумина многу постари. Рут имаше 46. Сега повторно имав тајна која морав да ја сокривам. Каде ќе биде крајот. Како би можел да изгледа. Колку би можела да трпи додека стојам покрај неа беспомошно.
Лекарот уште нѝ кажа да не паничиме, бидејќи во секој случај не може да се излечи, но дека итно треба да оди на операција која ќе спречи клетките на ракот да го дестабилизираат рбетот. Видете, ‘рбетот е како еден куп на оние евтини пластични чипови за покер со мали испакнатини, кои совршено наредени, можат да носат огромна тежина. Но, ако ракот ги нагризе на вистинското место, барем малку, Рут би можела да стане неподвижна или да ја изгуби способноста да го контролира сопственото варење.
“Тоа е како некој со рака да ми копа по утробата. Како мазга да ми скока на ‘рбетот”, так ги опишуваше болките по операцијата. Која беше успешна и го подигна назад во привид на нормален живот. Ракот сè уште беше во неа, но барем беше избришан од најкритичното место. Нејзиниот лекар тогаш одредил хормонална терапија, вообичаен прв чекор за многу жени чиј рак е управуван со естрогенот. Тој беше оптимист – на тие таблети би можел да живее долго време, со години, ако упали.
Продолжува на страна 2



















