Враќање дома
Сето таа течност се акумулирала во нејзиниот стомак, бидејќи црниот дроб веќе не беше во состојба да ги преработи токсините од крвта. Тогаш почна да зема оксикодон заради болките. И токму тогаш, кога ѝ беше потребен час или два само да излезе од куќата, наместо вообичаените 12 минути, Рут одлучи дека за Денот на благодарноста мора да одиме на одмор на Карибите. Да ги поканиме сите пријатели и семејството. Мојот аргумент дека ќе биде премногу далеку од своите лекари лаконски г отфрли: “А што тоа може да се влоши што веќе не е?” Месец дена подоцна, инаку, отидовме во Париз.
Долу, на Карибите, игравме и одморавме. Еден ден отидовме на доста тешка прошетка, која заврши на една затскриена плажата. Тука, тука ќе го расфрлаш мојата пепел еден ден, одреди. Пловевме, иако моравме двајца да ја подигнеме на бродот. Нуркаше, иако тројца моравме да ја спуштиме во вода. Подоцна истиот ден, ја предводеше роденденската песна за нашиот син и ја исече тортата до морето.
Кога се вративме дома во Њујорк, стомакот отекуваше сѐ повеќе и повеќе. Разви некое морбидно задоволство одговарајќи на прашањата на луѓето носи ли син или ќерка, дека всушност, се работи за ракот.
“Лекарот вели дека е неизлечив,” понекогаш би додала.
Кога би имала премногу акумулирана течноста, и ја извлекуваа надвор. Се обидоа со методот кој им го сугерирав, со вметнување еден метар долг силиконски бајпас, уште една операција која можеше да ја убие. Тоа беше веднаш по Божиќ, и речиси умре. Лекарите влегуваа во собата, одговарале на нејзините прашања, а потоа се повлекувале во ходникот за да дебатираат за вистината. Која јас ја знаев.
Хемотерапијата не функционира, во докторскиот сленг Рут “падна”. Ние одлучивме да одиме дома во време за Нова Година. Бајпасот не помогна. А потоа белките од очите зедоа жолта боја. Седевме во едно кафуле кога го забележав тоа, иако продолжив да зборувам со неа, испратив порака на колега од колеџ: “scleral icterus”. Тој одговори со медицински жаргон: “Во п… матер”.
Не можев тоа да го кријам од неа. “Твоите очи се жолти”, ми се испушти.
Тоа ја затече, ја фати паника.
“Зошто? Што може да се направи во врска со тоа”, праша.
Ме затече со тоа прашање, но, исто така, даде нов издувен вентил, да не треба да објаснувам за тоа дека нејзиниот црн дроб откажува. Не знам, реков, треба да ги прашаме. Уште една лага.
Жолтата боја, прво околу очите, а потоа и на кожата, е како кога на автомобилот ќе запали сијалица за проверка на моторот. Жолтата боја сама по себе не е битна, но значи дека внатре се случуваат ужасни нешта. Дека наскоро мозокот ќе биде совладан од отрови, кои црниот дроб порано би го исчистил без проблем. Се ближеше нејзиниот крај.
Продолжува на страна 4


















