ШОКАНТНО ОТКРИТИЕ | Сите го користат овој лек против болки, но понекогаш е неефективен!

2525

Истражувачите откриле дека овој лек бил ефикасен во лекувањето на некои состојби, додека кај други бил исто толку ефикасен како и плацебо.

Acetaminofen, aspirin, ibuprofen и naproksen се четири типа на лекови кои ни помагаат при болка. На пример, ацетаминофен најчесто се користи за лекување на главоболки, трески и општа болка, но не и за отоци, додека другите може да бидат поефикасни во лекување воспаленија. Сепак, една неодамнешна студија од Австралија покажа дека еден од овие популарни лекови против болки понекогаш е всушност неефикасен, пишува Yahoo.

Според една студија објавена во Medical Journal of Australia, paracetamol (acetaminofen) е неефикасен во лекувањето на одредени видови болки за кои се користи, а станува збор за најчесто користен аналгетик поради неговата ниска цена и затоа што може да се купи без рецепт.

Со анализа на ефикасноста и безбедноста на парацетамолот за ублажување на болката во лекување на 44 состојби, од стоматолошка болка до главоболки, истражувачите откриле дека овој лек бил ефикасен во лекувањето на некои од нив, додека кај други бил ефикасен како плацебо, вклучително и третман на болка во долниот дел на грбот.

„Иако парацетамолот е широко користен, неговата ефикасност во ублажувањето на болката е потврдена само за неколку состојби, а неговите придобивки често се скромни“, се вели во студијата.

За што е ефикасен?

Според истражувачите, ацетаминофен е ефикасен во лекувањето на болката поврзана со остеоартритис на коленото и колкот, главоболки за напнатост и болка во карлицата. Исто така, постојат докази за умерен квалитет на ефикасноста во лекувањето на „жени со рана постпородилна перинеална болка“ и „олеснување од болка кај лица со епизодни главоболки од типот на тензии“.

Студијата открива докази дека лекот е неефикасен во лекувањето на акутна болка во долниот дел на грбот, ублажување на болки во грлото за време на настинки и ублажување на мигрена кај децата и адолесцентите, како и болка по стоматолошки операции кај децата.

Дополнително, тој е неубедлив во однос на постоперативната болка, хроничната болка во долниот дел на грбот, болката по ендодонтска операција и абдоминалната болка.