Како родителите на децата им зборуваа пред 30 години, а како денес!

1716

7.

  • 1985: Цртани пред вестите и одма во кревет!
  • 2015: Веќе два часа гледаш телевизија. Помина десет, ајде на спиење!

8.

  • 1985: Возрасните секогаш треба да ги поздравуваш и да им кажеш: Добар ден.
  • 2015: Немој да се обраќаш на никој што не го познаваш.

9.

  • 1985: Ја скрши својата омилена играчка? Сега ќе научиш подобро да се грижиш за своите работи.
  • 2015: Те молам немој да плачеш, ќе оди тато во продавница ќе ти купи нова играчка. Иста таква.

10.

  • 1985: Почитувана учетелке, Иван малку кашла и е затнат, но сепак го испратив во училиште.
  • 2015: Ало учителке, Иван малку кашла и е затнат, оваа недела нема да оди на училиште.

11.

  • 1985: Не ме интересира како е кај Марко, мене ме интересираш ти и твоето однесување.
  • 2015: Ако Марко има/смее, тогаш ќе има/ќе смее и моето дете!

12.

  • 1985: Ум во главата!
  • 2015: Веднаш јави ми се на телефон доколку нешто се случи!

13.

  • 1985: Доколку не учиш ќе копаш канали/ќе чистиш тоалети/ќе бидеш ѓубреџија.
  • 2015: Ако учиш, мама и тато ќе ти купат што сакаш.

14.

  • 1985: Немој два пати да ти повторувам!
  • 2015: Смири се и јади. Смири се. Јади. Те молам, смири се и јади. Дали ме слушаш? Смири се малку, јади!

15.

  • 1985: Не ме интересира кој е виновен. Исчиститете го тоа убаво и средете!
  • 2015: Бегајте сега во својата соба да го исчистам нередот што сте го направиле!