12. Грижи
Физиологот за спиење д-р Guy Meadows вели:
„Универзитетот во Невада откри дека обидот да се отфрлат грижите само ги влошува и ја зголемува нивната сила, зачестеност и бројност. Затоа, не оставајте време за спиење да се занимавате со нив – направете го тоа наутро. Идејата е да ги прифатите чувствата за она што се – сензациите што минуваат низ вашето тело во моментот – и да продолжите понатаму, наместо да се обидувате да ги промените или да се борите со нив.“
13. Кафе
Можеби не сте свесни дека утринското кафе го нарушува сонот пред спиење. Кофеинот го прекинува ослободувањето на мелатонин, хормонот кој не прави поспани. д-р. Browning вели:
„Пет до седум часа по кафето, половина од кофеинот се уште е во вашиот систем. Значи, ако имате проблеми со спиењето, испијте ја последната шолја кофеин во денот околу 14 часот“.



















