Овенот сака акција, Скорпијата жешки игри, а Рибите долга предигра

891

Шкорпиите се нашироко познати како најголеми љубовџии во зодијакот, а на жешките игри се препуштаат без табуа.

Раковите сексот секогаш го врзуваат со емоциите, па затоа често ја мешаат авантурата со вистинска љубов …

Овен: Само да е жестоко

Вие не по предиграта, а многу се возбудувате кога другата страна ќе го направи првиот чекор и ќе се упати кон вас. Немате трпеливост за соблекување, веднаш се фрлате во акција. Не е неопходно да стигнете во спалната соба, тоа ќе го сторите на првото погодно место затоа што кога се возбудувате го губите умот и се исклучувате од надворешниот свет. Силната сексуална енергија и самодовербата ќе го „мрднат“ вашиот партнер. Ваша омилена поза не постои, поважно е да го сторите тоа веднаш и ако е можно на необично место.

Бик: Пат до болка

Вратот е вашата ерогена зона и ако другата страна вешто игра со тој дел од вашето тело, станувате луди од желбата. Сакате долги мазења и не се нафрлувате веднаш. Го сакате оној дел пред да започне акцијата. И сè после тоа е само оргазам. Знаете да бидете нежни, но не ви пречи малку погруб секс што дополнително ќе ја разгори вашата страст и желба. Уживате кога го гледате вашиот партнер како ужива, не само во вашето тело, туку и чувството што минува низ неговото тело додека го допирате. Вашата омилена поза е мисионерска.

Близнаци: Дали може во тројка?

Според Зодијакот, вие не сте едно од најстраствените лица, односно можете да го воздржите овој повик на телото. Вашата страст ќе биде запалена од зборови, интелигенцијата на партнерите, духовитоста, знаењето. Во сексот, ја сакате различноста, и кога работите се исти и предвидливи, губите интерес и копнеете по некоја промена, можеби флерт. Може дапомогне играње на улоги, па дури и тројка може да помогне ако вашиот партнер е подготвен да експериментира.

Рак: Нахрани ме со љубов

Вие го поврзувате сексот со емоциите. Сакате долга предигра и нежен, романтичен вовед. Во вистинска смисла на зборот, сексот не завршува после сексот, едвај тогаш се случуваат моменти на екстремна блискост, а станувањето од креветот кратко време по љубовниот чин го доживувате како одбивање и напуштање. Ако потклекнете пред задоволството и доживеете флертување, лесно ќе ја помешате минливата авантура со вистинска љубов, ќе се заљубите и ќе страдате.

Лав: Сакате да бидете на партнерот се

Кога ви се допаѓа некого, веднаш преземате акција. Ќе направите сè така што личноста што ја сакате ќе падне во вашите раце, но во никој случај нема да се согласите да бидете „втора виолина“. Уживате во заведување и сексуална провокација. Но, кога сте возбудени, не губите многу време во предигра; главната претстава – со вас како главен актер, може да започне веднаш. Ваша омилена е мисионерската позиција. Многу е важно вашиот партнер да го изрази своето задоволство и да ја пофали вашата љубовна вештина.

Девица: Пребирливи до болка

Поради контролата што секогаш сакате да ја задржите, нема страсно и безрезервно да се препуштите на сексуално искуство, барем не во првите неколку средби. Вие сте многу пребирливи при изборот на сексуални партнери, а личната хигиена е често клучен фактор. Можеби немада изненадите со вашата фантазија, но со текот на годините ќе рафинирате техника што ќе ја донесе другата страна до кулминација со беспрекорна изведба, а ќе сака се повеќе и повеќе. Ерогената зона е вашиот стомак, а вие сакате „одзади“.

Вага: Заедничко задоволство

Познати сте за трпеливи љубовници, крајно нежни, малку бавни, но доста издржливи. Страсно бакнување, долго мазење и галење. Давате доста време на себе и на другата страна, а целта е да уживате заедно. Она што ја возбудува другата страна, ве возбудува и вас. Најсреќни сте кога сте во можност да доживеете оргазам во исто време бидејќи тоа е уште еден знак да бидете поврзани со партнерот. Сакате странични пози, но и орален секс.

Скорпија: Жешки игри

Добро сте познати како најголем љубовџија во зодијакот и нема табуа на ова поле. Сакате и разновидни секси играчки, заводлива долна облека, кожна облека и халтери. И, колку повеќе го сакате вашиот партнер сексуално, толку повеќе ќе се заљубите затоа што за вас, љубовта и сексот се често две страни на истата монета. За секс ви треба партнер кој сака експериментирање, личност свесна за вашите сексуални потреби и кој не се срами да покаже дека сака жешки игри во креветот.

Стрелец: Сакате да ловите

Длабоко сте свесни за вашето тело и неговите потреби. Без разлика какво е вашето образование и ниво на самоконтрола, кога сте привлечени од некого, го сакате тоа без размислување – сега! Едноставно не можете и не знаете како да чекате, сакате лов. Фантазирате за личноста која ќе ве привлече на прв поглед и која потоа ќе ве следи без збор – и по првиот сексуален однос ќе стане неоспорно дека секогаш сте чекале за некој таков.

Јарец: Играте безбедно

И покрај ладните „маски“, скоро вкочанети, вие криете невиден потенцијал на исклучителна љубовник/ца. Ќе го прикажете целиот раскош на вашата сексуалност во прегратка на личност што ја познавате и во чие друштво се чувствувате пријатно. Авантури за една ноќ и секојдневните врски не се ваш избор. Сексот не е најважната работа во вашиот живот, а апстиненцијата не ви е туѓа. Сакате да водите љубов полека и бавно и не сакате грубост, брзина и избрзување од кој било вид.

Водолија: Непредвидливи

На сексот се препуштате доста спонтано. Вашата сексуалност е скриена, па дури и кога сте заведени од еротски алузии, не оставате впечаток на особено страствен љубовник. За хармоничен љубовен живот, менталното е поважно за вас отколку еротската хармонија. Немате големи побарувања во кревет и не сте незаситни, но ви се допаѓа кога вашиот партнер е издржлив, има имагинација и подготвен за изненадувања. Вие исто така сте непредвидливи кога станува збор за предигра; понекогаш минувате бесконечно време за мазење и воведни игри, а понекогаш и веднаш преминувате на главното.

Риби: Сакај ме нежно

Имате илузија дека ако целосно му се предадете на партнерот, тој или таа ќе ве засака. Не толерирате грубост и секс во брзање и ќе уживате во прегратката на оние кои сакаат долга предигра и кои го доживуваат сексот како чин на врзување со партнерот. Со вистинскиот партнер, кој може да ги задоволи вашите потреби за галење и романса, станувате вистински оган во кревет. Најмногу од сè, го сакате сексот пред спиење и после тој чин, долги милувања и разговори.