Умереноста е важна и кај здравите намирници, бидејќи секогаш постои шанса дека ќе консумирате премногу „добри работи“.
Без разлика дали се работи за јаткасти плодови, риби, зеленчук или житарици, подобро е да ги држите работите во „граници на нормала“.
Во продолжение дознајте кои здрави намирници можат да станат опасни :
1. Бразилски ореви

Бразилскиот орев е познат по најдобриот извор на селен, хемиски елемент кој игра важна улога во репродукцијата и е голем сојузник на телото во борба против разни инфекции.
Во еден бразилски орев има 90 милиграми селен, што е речиси двојно поголема количина од онаа која дневно треба да ја внесете.
Повремено грицкање на бразилски ореви е во ред, но нивна секојдневната консумација, може да ве изложи на ризик од тровање од селен. Тоа може да доведе до опаѓање на косата, проблем со дигестивниот систем, невролошки проблеми, вртоглавици, па дури и срцеви напади и откажување на бубрезите.
За да ги избегнете потенцијалните проблеми, ограничете го консумирањето на неколку бразилски ореви, неколку пати неделно.
Продолжува на страна 2



















