Единствен начин да останете отпорни на вируси е ако ги следете овие правила

863

Пролетта, како и есента, отсекогаш била периодот кога вирусите и настинките се најчести, а сега кога е присутен и коронавирусот, превенцијата и грижата за имунитетот се уште поважни.

Како да се зајакне имунитетот?

Станува збор за голем систем, а не индивидуален орган и од таа причина одговорот не е едноставен. Засега нема истражување кое директно ги поврзува начинот на живот и силата на имунитетот, но тоа не значи дека врската не постои. Научниците се обидуваат да го откријат влијанието на исхраната, вежбањето, стресот и слични фактори врз имунитетот, а во меѓувреме, постојат упатства што ги нудат за зајакнување на имунолошкиот систем.

Како што старееме, способноста на имунолошкиот систем се намалува, што придонесува за развој на некои сериозни болести, како што се силни инфекции и карцином. Додека некои луѓе ќе останат целосно здрави и во староста, сепак тоа е група која полесно ќе се зарази, но за жал тие можат и да умрат од последиците. Респираторните заболувања како што се грип, ковид-19 или пневмонија се уште се една од најголемите причини за смрт кај луѓето над 65 години.

8 златни правила на силен имунитет

1. Немојте да пушите
2. Јадете многу овошје и зеленчук
3. Редовно вежбајте
4. Одржувајте здрава тежина
5. Не претерувајте со алкохол
6. Спијте доволно
7. Грижете се за лична хигиена
8. Избегнувајте стрес

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.