Џелатите на Османската империја никогаш не биле познати по милосрдието.
За тоа може да посведочи и примерот со младиот султан Осман II, кој во мај 1622 година е убиен на тој начин што тестисите му ги ставиле под преса.
Отоманската империја со векови владеела на просторите на денешна Турција, Северна Африка и Блискиот исток, делумно благодарејќи на насилните методи, со кои втерувала страв и во најбунтовните членови на општеството.
Доволно е да ја прочитате книгата „На мостот на Дрина“ од босанскиот писател Иво Андриќ, па пред очите да ви оживеат бруталните техники на казнување на непослушниците од кои најстрашно било набивањето на колец. Меѓутоа, од грозните начини на убивање не биле поштедени ни најблиските луѓе на султанот.
Од средината на 15 век во Османското царство важел “законот за братоубиство“, кој го напишал Мехмед II. Бил тоа “правилник“, во кои се опишуваат условите за преземање на власта. Братот кој би дошол на тронот, ги убивал останатите браќа и сестри, што се сметало не само за дозволено, туку и пожелно, бидејќи делумно се спречувал ризикот од побуна и граѓанска војна.
Иако не секогаш се применувал, законот на Мехмед, довел до смртта на повеќе од 80 Османлии во периодот од 150 години.
Меѓу жртвите се сите 19 браќа и сестри на султанот Мехмед III, од кои некои буквално биле доенчиња. Сите биле задавени со свилен гајтан, непосредно по стапувањето на власт на нивниот брат во 1595 година.
Поради сите недостатоци, законот за братоубиство обезбедувал и најсуровите принцови да дојдат на власт. Новиот закон кој го сменил не бил нешто подобар: сите браќа и сестри на новиот султан се заклучувани во Топкапи палатата во Истанбул, каде живееле и по неколку децении.
Од почетокот на 17 век, генерациите на Османлиите времето го поминувале најчесто во една соба. И таа палата била сведок за суровоста на османлиското владеење. За да влезат во неа, посетителите морале да поминат низ Царската капија, во која од двете страни се нишале главите на последните убиени криминалци.
Во комплексот во кој се наоѓал и Првиот суд, низ кој можеле да поминат сите поданици на султанот и да побараат правда за себе. Меѓутоа, пред Вториот суд кој се наоѓа во истиот круг, стоеле мермерни столбови со отсечени глави на старешините, кои на било кој начин го навредиле султанот. Биле пополнети со памук, доколку некогаш биле везири или слама, доколку имале помало влијание во општеството.
Продолжува на страна 2