YELLOWSTONE ! Што всушност крие моќниот американски Супервулкан – Научниците шокирани | Видео

2718
Rock formations and colorful pool

Што всушност крие моќниот американски Супервулкан Научниците шокирани: “Мислевме дека од првите активности до ерупцијата поминуваат илјадници години, но …”

Еден од најголемите светски супервулкани се наоѓа под американскиот национален парк Јелоустоун. Тоа е многу моќен вулкан кој одеднаш би можел да исфрли и до 1000 кубни километри камен и пепел, што би било доволно, поголемиот дел од САД да го прекрие со дебел слој на пепел, но, исто така, да ја турне целата планета во “вулканска зима”, пишува Shannon Hall за New York Times.

Последната ерупција на овој супервулкан се случила пред 631.000 година, а кога ќе биде следната невозможно е да се предвиди. Јелоустоун, при тоа не е единствен подземен супервулкан на Земјата, а според проценките на научниците нашата планетата секои 100.000 години ја потресува по една “суперерупција”.

Кога барем приближно би можеле да процениме кога е на ред новата ерупција на супервулканот, која несомнено би предизвикала катастрофа, научниците почнале да ја сецираат историјата на Јелоустоун. Она што го осознале е, дека силите кои ги создаваат овие ретки, но катастрофални настани, се движат многу побрзо отколку што претходно се мислело.

Според првичните докази, кои неодамна биле претставени на конференцијата на вулканолозите, последната ерупција на Јелоустоун била започната кога новата магма влегла во системот на вулканот неколку децении пред ерупцијата. Имајќи предвид дека претходните проценки зборувале дека меѓу влегувањето на новата магма и ерупцијата поминале милениуми, јасно е дека се работи за драматична разлика.

Продолжува на страна 2