YELLOWSTONE ! Што всушност крие моќниот американски Супервулкан – Научниците шокирани | Видео

4632

До тој заклучок дошол и тимот од Универзитет Arizona State, меѓу нив и студентката на постдипломските студии, Хана Shamloo, чија дисертација била еден од “мотивите” за истражување на Јелоустоун.

“Очекувавме дека некои процеси се случуваат илјадници години пред ерупцијата”, рече менторката на г-ѓа Shamloo, геологот, Christy Till.
Таков краток временски период помеѓу првите активности во вулканот и ерупцијата во геолошките размери е колку едно трепкање на окото. Затоа научниците дури сега полека сфаќаат кои услови довеле до суперерупциите до кои би можело да дојде во текот на еден човечки живот.

– Шокантно е колку малку е потребно за да тивок вулкански систем дојде до работ на ерупцијата – рече г-ѓа Shamloo, која сепак нагласува дека на научниците ќе им треба повеќе време за да попрецизно откријат колку точно време треба да помине од првите активности до ерупцијата.

Од друга страна, д-р. Kari Cooper од Универзитетот Калифорнија, која не учествувала во истражувањето, нагласува дека не е убедена дека научниците денес можат точно да укажат на настан, кој ја започнал последната ерупција на Јелоустоун.

– Една работа е да се истакне постепеното создавање услови за вулканска активност. Друга работа е да се мобилизираат 1000 кубни километри магма во една деценија – вели Cooper.

За среќа, изгледите за ерупцијата на Јелоустоун или било кој друг супервулкан на Земјата во моментов се чинат мала појава, но за да можеме да ги разбереме, нема сомнеж дека треба добро да се истражи секој аспект од нивните минати ерупции. Др. Cooper сепак верува дека за само неколку децении, научниците ќе можат да предвидат голем број потенцијални вулкански ерупции, вклучувајќи ги и најсилните.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.