Десет поими за балканскиот менталитет

532

Лазар Џамиќ, поранешен новинар, а денес еден од најискусните дигитални стратези во Велика Британија и директор за планирање во европската централа на компанијата „Гугл“, во белградскиот Миксер хаос ги претстави десетте поими на балканскиот менталитет.

10. Непостојаност

Тоа е најстабилното нешто на овие простори и придонесува за нашата слика за себе. Ако ја погледнете нашата историја, Белград е уриван 40 пати. Словените кога доаѓале на Балканот, дали во 7. век или пред да дојдат вонземјаните на Земјата, теориите се разни, нашле многу лошо место да ги постават своите шатори. Нашле место каде секоја орда, булук или армија го нашла својот пат кога оделе лево или десно. Тоа е приказна за нестабилно место во геополитичка смисла.

Споредувајќи се со Англија, таму е целосно нормално да имате семејни стебла кои одат од 1060 година, па наваму. Тоа е поинаква ментална конструкција од таа на која ние сме навикнати, секоја власт почнува од почеток и руши се што било претходно, се се прави од ново. Историјата се пишува, препишува, допишува.

Нашиот менталитет не е шах торта која има убави слоеви, кои можете убаво да ги сечете на уредни парчиња, туку е чинија со шпагети. Сето тоа е замрсено и во црвен сос.

9. Смрт

Душко Ковачевиќ еднаш одлично кажа: постојат пет годишни времиња во Србија, зима, пролет, лето, есен и војна. Има многу вистина во тоа.

Често забораваме во која мерка Србите живеат близу до смртта, на начини на кои на луѓето надвор им се целосно непоимливи. Моите пријатели Англичани целосно ги шокира дека ние јадеме на гробишта, среќни седиме на местото на смртта и кркаме.

Нам смртта ни е целосно нормална, затоа што ако погледнете колку смрт сме имале во војните – 60 отсто од машката популације е убиена во Првата светска војна, не е ни чудо што сме кондиционирани на смртта. Тоа се такви падови во човечката психа, што не можат лесно да се надоместат.

Монах во средновековна Србија еднаш рекол, а тоа е и наслов на оваа приказна: Ние Србите сме цвеќе од работ на гроб. Нешто убаво и нежно, лесно и кршливо, што секогаш стои на работ на нешто смртно и трагично, нешто што целосно ќе не лоцира до уништување.

8. Надреализам

Нашиот природен облик на општественото уредување не е ни комунизам, ни социјализам, туку надреализам, како секојдневна појава. Ако Латиноамериканците дадоа магичен реализам, ние на светот му дадовме документиран надреалзиам.

Не постои граница меѓу сонот и јавето. Просечен ден на Балканот е или како ноќен кошмар или еден вид сон.

7. Митови – улога на јунаци

Митот за херојството се провлекува низ неколку работи, прво се митовите за Крале Марко, кои всушност се вестерн. Освен тоа, имаме и митови за улогите на Србите во светот, од кои некои се реални, а некои надвор од реалноста, но секако се многу присутни.

Често во расправи не можат да се избегнат приказните за 40 дивизии кои ние сме ги задржувале на Балканот за време на Втората светска војна, за тоа дека сме ги спречиле Турците да ја освојат Европа… Неоспорно е значењето на Тесла и Пупин, но приказните дека Милева, а не Алберт Ајнштајн ја напишала Теоријата за релативитетот…

Митот за херојството на избраниот народ, постојано не турка во приказната да мислиме дека некој не уништува и дека постои голема неправда.

6. Митови – улога на жртви

Еден израелски писател рече дека Евреите и некои балкански народи се народи на книгите, т.е. народи на приказните. И едните и другите имаат митологија за историја, се гледаат низ призма на митологијата наместо низ призма на реалната историја.

И тоа страдање постојано е дел од нашиот живот, почнувајќи од она родителското; бидејќи кога бев мал одев на училиште 10 километри по зима по ридови и во два правца.

Продолжува на страна 2