НАЦИОНАЛНА ИЗЛОЖБА НА СИТЕ РАСИ НА КУЧИЊА И СПЕЦИЈАЛИЗИРАНА ИЗЛОЖБА НА КУЧИЊА ОД РАСАТА ГЕРМАНСКИ ШПИЦ

162

Во организација на Кинолошко Друштво “ПОЛАРИС” од Скопје, а под покровителство на Општина “Ѓорче Петров”, одобрени од “Кинолошкиот Сојуз на Македонија”, на ден 19.11.2023 ќе се одржат две изложби за расни кучиња.

Ова е одлична можност за сите кучиња кои не се оценети до сега, а имаат родовник односно педигре да бидат прегледани од кинолошки судии и оценети.

Едната е Национална изложба за сите раси на кучиња на која ќе судат како македонски така и странски судии. Во ринговите ќе оценуваат и доделуваат титули и награди македонските судии г-ѓа. Анастасија Золотухина и г-ѓа. Надица Радевска, потоа од Србија г. Ненад Матејевиќ и од Чешка г-ѓа. Кристина Ваничкова.

Другата е Специјализирана изложба за кучиња од расата Германски Шпиц (Волчји шпиц, голем, среден и мал шпиц и померанец) која ќе ја суди светски познатата судика г-ѓа. Кристина Ваничкова од Чешка, меѓународен кинолошки судија, долгогодишен одгледувач и одличен познавач на кучињата Германски Шпиц.

Пријавувањето се врши исклучиво електронски преку следниот линк https://form.jotform.com/232653808595063

Цените за пријавување на Националната изложба се следните: кучиња во класите беби, најмлади и ветерани котизацијата е 800 денари, кучиња во класи млади, интермедија, отворена и шампиони 1200 денари.

Цената за Шарпланинци е 800 денари, додека за нашите непризнаени раси Македонско овчарко куче – Караман, Македонски паничар и Македонски царски загар, пријавата не се наплаќа.

Цената на пријавата за Специјализираната изложба за Германски Шпиц е 1500 денари.

Изложбите ќе се одржат во спортската сала “Тихомир Милошевски” во Волково, Скопје.

Дополнителни информации се достапни на facebook страната на KD POLARIS, e-mail: polariskennelclub@gmail.com и како и на телефонските броеви 075 998 999 и 071 422 183.