Десет поими за балканскиот менталитет

1573

5. Нагон

Се сеќавате ли на вампириските заби од Алан Форд кога тие се дерат едни на други? Е тоа е описот на регуларен ден во моето семејство. Навредите се вообичаен начин на комуницирање.

Ние имаме слаба контрола на импулсите. Прво ќе направиме, а потоа ќе размислиме. Таа контрола на импулсот е дел од културата, образованието, политиката, дел од нашето комуницирање и дијалошки дискурс.

Една тотална огорченост од животот и ставот дека никој не ме слуша; и потоа се почнува со дискурс кој е преполн со емоции и јас имам наратив кој морам како робот да го напишам до крај инаку се чувствувам несреќно.

Од друга страна имате ароганција; некој кој е целосно ненавикнат да го слуша мислењето на другите луѓе, кои се на позиција на власт, целосно арогантно се занемарува какво било прашање или коментар.

4. Суеверие

Еден од начините на искажување на нашата ирационалност е суеверието. На пример, изненадување за мојата жена беше кога утврдија дека дијагнозата за воспаление на јајниците во Англија не постои. Тука секако е и најголемиот непријател на Србите, поголем од масоните, Ватикан и НАТО? Провевот!

Бев во состојба во автобус Белград-Смедерево да присуствувам на тепачка затоа што човек отвори прозорец на 42 степени и млаз топол воздух го заплисна задниот крај на автобусот. Какво било дувкање на воздух од еден прозорец до друг е смртна опасност, од која најзакоравениот српски платен убиец се плаши повеќе од било што на светот.

Во Англија ми недостасуваат нашите ритуали како гледање во кафе или кога ќе спомнеме каква било лоша работа, тогаш мора да направиме магична работа да ја отстраниме, да чукнеме во дрво.

3. Мудрост

Дури и на журки тука нема лесен муабет, второ прашање е дали има живот по смртта. Од друга страна таа приказна за длабоките аспекти од човечкиот живот е нешто што е одлично, бидејќи тоа значи дека ние сме во контакт и во допир со силни и длабики нешта, токму поради тоа сме биле во контакт со смртта и нестабилностите.

Имаме и момент на темпоралност. На пример со некој пријател не се гледаш 10 години, но кога повторно ќе се сретнете имаш впечаток дека си отишол зад аголот на кафе. Го продолжувате разговорот со истата реченица каде што сте прекинале пред 10 или 15 години. И потоа таа темпоралност оди во кафеана.

Ако нешто ми недостасува во Лондон, тоа е тоа. Време да се седи, да се збори за длабоки работи, без брзање, да се разгледува за сите аспекти на животот и смртта. Кафеаните се фантастична институција на која ни француските бистроа не можат да им пријдат ни од блиску.

2. Жилавост

Тука постојано се зборува дека нешто не чини и тоа го знаеме, но мислам дека треба да го свртиме фокусот и да ги прославиме нашите парадокси кои ги имаме во психата. Тие ни даваат еден вид психолошко богатство кое може да се претвори во фантастична уметност и креативно искажување.

Грунф победува во деловниот свет, верувале или не. Постои концепт кој подразбира иновации со екстремно мали ресурси; многу голема работа во Индија, Африка и станува и во Кина од очигледни причини, но станува и на Запад. Многу водечки светски компании почнуваат да ги применуваат сиромашните иновации.

Значи состојбата на екстремно ограничување и екстремен недостиг на ресурси да ја искористиш како креативна можност да го промениш начинот на размислување и начинот на кој ги креираш работите. Имаме одлична можност да ја примениме нашата креативна слика. Оптимистичкиот дилентантизам од кој ние често можеме да појдеме всушност многу добро резонира со модерниот свет, тоа она што треба да го сфатиме.

За разлика од светот кој оди по надолница, ние имаме можност да градиме од ниска база, со многу креативни решенија кои нашите луѓе ги имаат.

1. Хумор

Голем поглед на светот е нашиот хумор. Постои таа измислена реалност, но нашиот хумор има многу поголема сатира од англискиот.

Поради сатирични афоризми луѓето кај нас оделе во затвор, па дури и мене лично, кога пишував сатирични афоризми за моите локални весници, ми се закануваа дека ќе ме испратат во војска шест месеци порано.

Такви наводно сериозни сатири ги нема многу надвор.

Мондо – Белград