Направиле маска за лице што го неутрализира коронавирусот | Може да се користи повеќе пати, но има ограничувања | Фото/Видео

1271

UNAM не произведува маска за масовно производство, а во моментов има капацитет да произведува 200 маски дневно.

Истражувачите од Националниот автономен универзитет во Мексико (UNAM) создале маска за лице со помош на нанослој од сребро и бакар кои го неутрализираат SARS-CoV-2, вирусот кој предизвикува Ковид-19, објавено е во официјалното списание на универзитетот на Четврток.

UNAM ја нарекува трислојна антимикробна маска за лице SakCu; Sak на јазикот на Маите значи сребро, а Cu е хемиски симбол за бакар.

За да ја тестираат маската, истражувачите зеле капки од вирусот од пациенти позитивни на „Ковид-19“ во болницата Хуарез (Juarez) во Мексико и ги ставиле на сребрено-бакарен филм, таложен во полипропилен.

Од UNAM кажаа дека ако концентрацијата на вирусот е висока, вирусот исчезнува за повеќе од 80% за околу осум часа, а ако вирусното оптоварување е ниско, во два часа не е откриена ниту една RNA на вирусот.

SakCu

Може повторно да се користи и да се мие

„По контакт со сребрено-бакарниот слој, SARS-CoV-2 мембраната се кине и нејзината RNA е оштетена“, се наведува во весникот. „Затоа, дури и ако SakCu се пакира на неправилен начин, тоа нема да биде проблем, затоа што не останува заразен, како и многуте маски кои се фрлаат“.

Маската за лице може повторно да се користи и може да се измие до 10 пати без губење на биоцидните својства.

UNAM не произведува маска за масовно производство и изјавија дека во моментов имаат капацитет да произведува 200 маски дневно. Истражувањето го водеше УНАМИТ институтот за истражување на материјали.