Образованието во Финска | Потрага за детска благосостојба

2125

Во мојата книга јас предупредувам на две работи. Прво, јас не велам дека Финска има најдобар образовен систем во светот и дека сите други треба да го прават истото што и ние. Оваа глобална слава беше всушност многу непријатна за нас. Финските наставници не се воодушевени од ПИСА тимот, ТИМСС тимот или кои било  други меѓународни споредби. Ние сакаме Финска да се гледа како земја во која четири од пет даночни обврзници веруваат во нашиот јавен образовен систем, и каде тројца од вкупно четворица граѓани мислат дека нашиот јавно финансиран образовен систем е најзначаен фински успех од осамостојувањето од 1917 година. Ние ги славиме наведените успеси повеќе од висок ранг во таблиците на глобалното образование.

Второ, јасно велам дека финскиот образовен систем не може да се преслика никаде на друго место во светот. Многу успешни аспекти од финскиот образовен систем длабоко се вкоренети во нашата култура и вредностите, кои се разликуваат од тие во САД. На пример, високо ниво на доверба во луѓето и институциите, стремеж за еднаквост и праведност во општествениот живот, т.е. подготвеност на плаќање на даноци за општо добро, се само некои од финските околности кои не постојат секаде. Она што можеме да го направиме, како што сугерира Џек Бејкли и некои други, е да го следиме ова глобално и да учиме едни од други.

Постојат конкретни лекции кои американските педагоци и политичари можат да ги научат од Финска. Сметајќи дека стандардизацијата стана еден од водечките принципи во американската образовна политика, би предложил наместо стандардизирање на учењето и подучувањето во училишта со пропишани наставни планови и чести тестирања со големи влогови, да се стандардизираат следните три апсекти од образованието.

Прво, финансирање на училиштата, така да ресурси вложуваат во училиштата според нивните реални потреби. Тоа е неопходно за да се унапреди праведноста и квалитетот на американското образование.

Второ, времето поминато на училиште, овозможувајќи на учениците соодветен одмор меѓу часовите, како и урамнотежен курикулум кој го вклучува академското образование, уметност и физичко воспитување.

Трето, подготовка на наставниците кои ги следат стандардите во други врвни занимања. Покренување на државен испит за наставници е чекор кон повисоки професионални стандарди во наставата.

Кети М. Рубин е авторка на два популарни онлајн проекти: Глобална потрага за образование (The Global Search for Education) и Како ќе читаме? (How Will We Read?) за кои ја прими наградата Upton Sinclair во 2011 година. Исто така, авторка е на три дела, вклучувајќи ја книгата Вистинска Алиса во земјата на чудата (The Real Alice in Wonderland).

Хафингтон Пост

Н О В О !!!

Бидете и вие дел од фамилијата на my World

Регистрирајте се! https://cbw.to/4d9crg

Повеќе за Cashback на следниов линк: Cashback world | Cashback – Враќање пари при секое купување

Најбараната Cashback Card во Македонија можете да ја добиете БЕСПЛАТНО ако се регистрирате преку нашиот сајт www.kukuriku.com.mk