Денес, речиси 45 отсто фински тинејџери одбираат стручни училишта, а 50 отсто гимназија. Конкуренцијата за упис во некои стручни училишта стана жестока. Исчезна голем дел од негативната стигма која ја имаа стручните училишта во Финска пред 20 години.
– Онлајн учењето има многу подобри шанси да се подобри со тек на времето и на крај да стане доволно добро за понуда на конкурентна вредност дури и за редовните студенти. Тогаш системот на учење во училниците навистина ќе се промени. Родителите ќе почнат да го бараат тој систем. – Клејтон Кристијансен. Кој е вашиот коментар за изјавата на Клејтон?
Мислам дека Клејтон е визионер и дека неговото предвидување за тоа како технологијата ќе ги промени училиштата, веројатно ќе стане реалност. Но, постојат различни сценарија како тоа точно ќе се одигра.
Едно сценарио е дека училиштата ќе се натпреваруваат со технологијата и ќе ја усогласат наставната активност така да зависи од дигиталните и други технолошки решенија. Тоа секако ќе ги промени училниците и тоа што ќе се случува во нив. Сепак, учењето и понатаму пред се ќе се одвива во училиштата со домашни задачи како што е и сега случај.
Второ сценарио ги гледа училиштата исклучиво како места каде полесно ќе се учи и полесно ќе се проверуваат успесите. Учењето може да се одвива на било која локација. Персонализираното дигитално учење ќе биде најчест облик на учење.
Третото сценарио училиштата ќе ги воздигне во места за социјално учење и развој на вештини. Учење во соработка, решавање на проблеми и култивирање на навики на умот би било основен дел од училишниот живот.
Јас веќе гледам на повидок елементи од третото сценарио во делови од светот. Постојат родители кои почнаа да го бараат, бидејќи мислат дека нивните деца поминуваат премногу време со технологијата, па дека училиштето треба да им помогне на децата да чувствуваат епматија и како што вели Сер Кен Робинсон, да ги наоѓаат своите таленти низ музика, ументост и физичкото образование, во тандем со традиционалниот наставен курикулум.
Џек Баклеј, директор на Националниот центар за образовна статистика, рече дека – Секогаш бил малку зачуден од високото ниво на внимание кое се придава на Финска. Финска го придоби светското внимание поради многу причини, но има добри примери и во другите земји. Што велите на тоа?
Продолжува на страна 5


















