Образованието во Финска | Потрага за детска благосостојба

2125

Друг важен аспект на финските училишта е систематска потрага за добробит и среќа, посебно во пониските одделенија во основните училишта. Во финските училишта децата не мораат да се плашат од конкурентност или неуспех, кои во многу земји ги поттикнуваат стандардните тестови. Секое училиште во Финска има т.н. тим за добивка на ученикот (анг. Pupil Welfare Team) кој ги следи и се занимава со прашањата поврзани за односот, здравјето и развојот на децата. Тимот се состои од директор или директорка на училиштето, дефектолог, училишна медицинска сестра или лекар, психолог и социјален работник. Главна цел на тимот е да спречи проблеми кои можат да ја загрозат благосостојбата на ученикот. Наставниците во основните училишта благосостојбата и среќата на учениците ги ставаат пред училишните успеси.

Наспроти тоа, психолозите и педијатрите се повеќе загрижени за нивото на квалитетот на животот на децата надвор од училиштето. Некои тврдат дека родителите се повеќе го препуштаат воспитувањето на своите деца на училиштата. Наставниците и понатаму ги повикуваат родителите да преземат поголема одговорност за своите деца, на пример, пружајќи им повеќе време и внимание дома. Она што во Финска во прв ред недостасува е подобра усогласеност на домот и училиштето, а по можност и национална програма која би помогнала на мајките и татковците подобро да се грижат за своите најмлади и едноставно повеќе да ги сакаат. Во оваа загрижувачка состојба исклучително е важно финските политичари да обезбедат повеќе средства за детската благосостојба во сите училишта.

Дали сметате дека зе некои земји на ОЕЦД е проблем да се фати чекор со светските цени на универзитетското образование или проблемот е во подобрување на училишните можности за младите дипломци да бидат опремени со вештини кои им се потребни за да најдат работа во реалниот свет?

Заговорник сум на флексибилно образование кое на поединци пружа персонализирани можности да го учат тоа за кое веруваат дека ќе им помогне да бидат успешни во животот. На пример, мислам дека училишниот систем во САД има корист од двојниот средношколски систем, во кој младите кои сакаат да произведуваат нешто со сопствени раце, на пример, можат да имаат квалитетна стручна програма или училиште кое ќе ги научи на вештини за наоѓање на работа или самовработување. Постојат многу образовни системи во светот, вклучувајќи ја и Финска, каде средношколското образование ќе стане подостапно по пат на онлајн учење многу брзо, а верувам дека и цената на високото образование како замена за развој на образовниот систем ќе изгуби дел од своето значење.

Дали можете нешто да ни кажете за финските напредни цели кога е во прашање стручното образование?

Продолжува на страна 3