Имате премногу работи во домот и не знаете како да ги организирате, а повеќе немате ни многу место?
Постојат многу начини на коишто можете да ги складирате работите во вашиот дом, а притоа да не зафаќаат многу место.
Потребно е да одвоите само малку време и да имате желба за средување и за кратко време вашите работи ќе бидат убаво средени, а вие секогаш ќе знаете каде точно се наоѓаат.
Закачакли закачени една на друга
Ова е многу практичен начин и ќе направи повеќе место за закачување облека во вашиот плакар. Многу е едноставно, сè што треба да направите е да го чувате „јазичето“ од лименката, да го закачите на куката на едната закачалка и потоа на него да ја закачите другата закачалка.
Зачини во кутичиња од Tic Tac бонбони
Навистина одлична идеја за различните видови на зачини да ги чувате во овие кутичиња. На горниот дел од кутичето запишете кој зачин го има внатре, за да не се збуните поради сличните бои или доколку не можете да ги распознавате по миризбата.
Од рамка за слики направете држач за накит
Од голема рамка за слики направете држач за накитот така што ќе наредите клинчиња на коишто ќе ги закачите ланчињата, обетките, очилата за сонце, часовниците и сл.
Внатрешните делови од кујната направете ги да изгледаат убаво
Купете убава самолеплива или обична хартија и залепете ја во внатрешните делови од фиоките и плакарите кои се наоѓаат во вашата кујна.
Организирајте ја долната облека
Наместо долната облека да биде обично распоредена или пак неуредно ставена во фиоката или плакарот, направете различни прегради и убаво распоредете ги долната облека и чорапите.
Куки како држачи за чанти
Нема потреба да мислите повеќе каде да ја оставите својата чанта бидејќи отсега таа го има своето идеално место.
Кутиите од марамчиња како држач за пластични ќеси
Откако ќе ги потрошите сите марамчиња, кутијата искористете ја за складирање на пластичните ќеси. Одличен и практичен начин, кој е совршеното место за чување на ќесите.
Уредни кабли
Како што напредува технолигијата така и бројот на каблите во вашиот дом се зголемува, а често пати предизвикува нервоза бидејќи е навистина тешко да се најде начин соодветно да се наместат. Затоа, отсега лепете ги со селотејп или пак со специјални кукички закачете ги за мебелот, така што нема да се приметуваат а вашиот дом ќе изгледа уредно.
Калапите за мафини користете ги за складирање на ситни предмети
Овие калапи се одлични за чување на игли, клинчиња, спајалици, безопасни, штипчиња и сл.
Храната чувајте ја во тегли
Отсега брашното, оризот, гравот, шеќерот, солта, житариците и слична храна во зрна чувајте ја во тегли, кои се практични, а покрај тоа и убава декорација во домот.
Марамите закачете ги на закачалка
Со помош на штипки за корниза убаво наредете ги марамите на закачлка и потоа можете да ги закачите во плакарот или пак на вратата. Практичен начин за чување на марамите, а покрај тоа можете да ги наредите по боја за да изгледа уште поубаво и декоративно.