Протече нов документ – Делта вирусот се шири лесно како сипаници и предизвикува потешки симптоми

1811

Делта варијантата еднакво е пренослива како овчи сипаници, при што секое заразено лице инфицира просечно по осум или девет други.

Делта варијантата од коронавирусот предизвикува потешки симптоми и се шири со иста леснотија како и сипаници, според внатрешен документ на Американскиот центар за контрола и превенција на болести, како што објави Си-Ен-Ен.

Документот прикажува необјавени податоци кои покажуваат дека и целосно вакцинираните луѓе би можеле да ја шират оваа варијанта со иста брзина како и невакцинираните.

“Ова е сериозно. Тоа е еден од најпреносливите вируси за кои знаеме. Морбилите, сипаниците – се на исто ниво”, рече директорката на CDC, д -р Rochelle Walensky.

Walensky изјави дека CDC препорачува потполно вакцинираните лица да носат маски во затворени простории на места каде преносот на вируси е голем, и дека сите во училиштата, учениците, вработените и посетителите, треба да носат маски во секое време.

„Мерките што треба да ги контролираме се екстремни“, рече таа.

Делта варијантата е заразна исто како и овчите сипаници, при што секое заразено лице инфицира просечно по осум или девет други. Примарниот вирус е пренослив како и една обична настинка бидејќи секое заразено лице во просек го пренесува вирусот на уште две лица.

Вакцинираните луѓе се побезбедни

Исто така, ако вакцинираните лица навистина се заразат, тие имаат исто количество вирус во своето тело како и невакцинираните. Ова значи дека тие најверојатно ќе можат да заразат некој друг исто колку и невакцинираните.

Сепак, документот покажува колку вакцинираните луѓе се побезбедни.

“Вакцините спречуваат повеќе од 90 проценти од сериозни болести, но може да бидат помалку ефикасни во спречувањето на инфекцијата или пренесувањето. Значи, повеќе инфекции и ширења кај населението и покрај вакцинацијата”, се вели во документот, и истакнуваат дека вакцините десеткратно го намалуваат ризикот од сериозни болести или смрт.