Еве како можете да препознаете дека имате високо ниво на емоционална интелигенција

1829

Емоционалната интелигенција се дефинира како способност да ги препознавате, разбирате и контролирате своите, но и туѓите емоции. Наједноставно кажано, складно функционирање на разумот и емоциите.

Многу психолози тврдат дека емоционалната интелигенција е далеку поважна од општата интелектуална интелигенција за функционирање во средината.

Таа дури е далеку поважна и го одредува успехот на личноста.

Високото ниво на емоционална интелигенција можете да ја препознаете по овие 15 знаци

1. Секогаш точно можете да ги дефинирате емоциите кои ги чувствувате во моментот

Успевате прецизно и точно да ги дефинирате емоциите кои ги чувствувате, па и точно знаете од каде потекнува вашето позитивно или негативно расположение.

2. Сакате да ги разберете луѓето

Секогаш се интересирате за другите и сакате подобро да ги запознаете. Кратко кажано, се грижите и за другите луѓе, не само за себе.

3. Брзо ги прифаќате промените

Уште еден знак дека имате висока емоционална интелигенција е способноста брзо да се адаптирате на моменталните промени, да креирате план за справување со нив, а во одреден период од животот и самите да бидете способни да побарате нови промени.

Продолжува на страна 2