КОНДОМИ | Вистина или Мит ?

2681

Презервативот или кондомот е контрацепциско средство со најширока употреба.

Освен заштита од несакана бременост, има голема улога и во спречување на ширење на сексуално преносливи болести.

Но, иако денес се достапни речиси насекаде, многу луѓе и понатаму веруваат во некои митови за овие „гумени заштитници“.

МИТ 1: Ставањето лубрикант на кондомот ќе спречи негово пукање.

ВИСТИНА: Лубрикантите врз база на масло всушност можат да го оштетат кондомот.

МИТ 2: Кондомот штити од сите сексуално преносливи болести.

ВИСТИНА: Кондомите не пружаат целосна заштита од генитален херпес, ХПВ, сифилис и срамни вошки. Презервативот не е доволна заштита ни кај херпес тип 2, односно генитален херпес, ниту кај херпес тип 1, односно орален херпес за кој неодамна се откри дека може да се пренесе и преку сексуален контакт. Кај ХПВ како и кај херпесот, може да се случи личноста со години да боледува без никакви симптоми и да не знае дека е болна, но може да му ја пренесе болеста на партнерот.

Продолжува на страна 2