Фотографијата која една мајка на четири деца неодамна ја објави за краток временски период доби повеќе од сто илјади лајка, а поделена повеќе од 50.000 пати.
Џил Krauzer, писателка и мајка на четири деца, неодамна пронајде една стара фотографија сликана веднаш по едно од нејзините породувања и одлучи да ја сподели со јавноста. Имено, Џил ја искористи можноста да им се заблагодари на медицинските сестри кои ѝ помогнаа во тие тешки моменти.
“Никогаш нема да го заборавам лицата на сестрите кои ме следеа до тоалетот по секое мое породување. Оние моменти кога бев ранлива, преуморна, исплашена, искината, и кога моето достоинство одамна исчезнало, тие ме третираа со внимание и почит. За мене тоа беа моменти на охрабрување и потврда дека имам некој да ми помогне, па дури и за ова кратка време во тоалетот додека сестрата ми објаснува како да ставам ладни облози на долниот веш. Оваа фотографија ме одведе назад во тоа време. Како да можам да почувствувам дермапласт. Секоја чест за сите медицински сестри”, напиша Џил во нејзината искрена објава.
Нејзината фотографија е објавена на страницата “Baby Rabies”, и за кратко време лакувана е од 140 илјади луѓе, главно мајки кои чувствува потребата и самите да ги пренесат своите искуства.
“Никогаш нема да заборавам како после породувањето го тргнав моето лице кое беше потпрено на градите од сестрата која ми помогаше и ја здогледав нејзината кошулата натопена со моите солзи и пот. Реков дека ми е жал, а таа одговори: “Душо, ова е живот на мојата кошула, никаде на друго место не би била. Ајде да го извадиме ова дете”, рече една мајка, а друга додаде:
“Зекогаш ќе се сеќавам на сестрата која ми помогна во бањата за прв пат по породувањето. Крварев и се чувствував ужасно понижено, но таа не ни трепна. Стално и се извинував, а таа ме уверуваше дека тоа не е проблем. Никогаш нема да заборавам како ми ги чистеше нозете и мислев дека бог на ова мислел кога кажа “сакајте ги своите најблиски”, искрено напиша друга.
I'll never forget the faces of the nurses who followed me into the bathroom after delivering each baby. That moment when…
Gepostet von Jill Krause am Mittwoch, 13. September 2017