Спанаќот, кој како деца сме биле принудувани да јадеме, поради богатата содржина на железо, не е толку корисен како што тврдат нашите баби и мајки.
Ова е една од најголемите грешки на науката”, која е направена уште во 19 век и не е поправена до ден-денешен, тврди германската истражувачка Хелга Струбе.
Според неверните пресметки секои 100 грама спанаќ содржат меѓу 35-40 милиграми железо.
“Всушност точната содржина на железо во овој зеленчук е меѓу 3,5 до 4 милиграми”, рече Струбе, додавајќи дека тоа не е доволно за да ги имаме мускулите и силата на популарниот цртан лик Попај.




















