Германски колачиња

284

Потебно

  • 3 поголеми јајца
  • 2 шолји кафеав шеќер
  • 1 лажичка мелени каранфилчиња
  • 1 лажичка цимет
  • половина лажичка бибер
  • 2 шолји брашно
  • половина лажичка сода бикарбона
  • малку сол
  • 1 шолја суво грозје
  • 1 шолја сецкани ореви

Подготовка

Во поголем сад изматете ги јајцата. Додајте ги шеќерот, каранфилчињата, циметот и биберот.

Во друг сад помешајте ги брашното, содата бикарбона и солта, па овие состојки додадете ги во садот со јајцата. Додајте ги сувото грозје и оревите па промешајте.

На плех обложен со хартија за печење со лажица вадете ги колачињата и печете на 200 степени 8 до 10 минути или додека колачињата по површината не почнат да пукаат.