Бебињата родени со поголема глава над просечната, се поинтелигентни

1248

Тоа го докажаа научниците од Единбург универзитетот откако ги анализирале медицинските картони и генетскиот материјал на над 100 илјади Британци меѓу 37 и 93 години. Истражувачите барале врска помеѓу гените, коефициентот на интелигенција и целокупната здравствена состојба на луѓето, пишува “Индипендент”.

Со колку поголема глава ќе се појави детето, толку е подобро, убедени се научниците. Тие виделе јасна врска помеѓу оваа големина и високото IQ, утврдено во подоцнежна фаза во животот на истите луѓе. Како деца овие личности имале подобри когнитивни вештини од своите врсници, а како возрасни – мнозинството завршено високо образование.

Се покажало дека тоа има директна врска на генетското ниво меѓу способностите на умот и желбата за учење, големината на мозокот и на черепот, па дури и обликот на телото.

Во процесот на анализата научниците откриле 17 нови гени кои влијаат истовремено на мозочната активност и на психичкото и физичкото здравје. Откритието поддржува една стара теорија дека луѓето во добра физичка здравје во целина се и поинтелигентни.

За стандардна големина на главата на новороденче се зема 35-36 см.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.