Добриот сексуален живот е битен дел од секоја успешна љубовна врска. Меѓутоа, страста мора да се одржува бидејќи во спротивно ќе згасне и сексот ќе се претвори во монотона рутина.
Во продолжение дознајте кои сексуални навики ги издвојуваат среќните и заљубени парови од останатите…
Не ги потценуваат малите работи
Среќните парови знаат дека не мораат да прават големи „сцени“ за да ја одржат страста во врската. Доволни се редовните телефонски повици или пораки со убави зборови за да се сочува интимноста и сексуалната желба.
Се фокусираат на позитивните работи
Можеби не ви се допаѓаат некои од работите што ги прави вашиот партнер во кревет, но наместо да го кажете тоа директно, обидете се да му покажете што ви се допаѓа. Никако не заборавајте да му спомнете дека ги обожавате неговите бакнежи. Среќните парови повеќе обрнуваат внимание на позитивните искуства отколку на негативните, благодарение на што нивниот сексуален живот е здрав и секогаш возбудлив.

Наоѓаат време за секс
Доколку времето во кое сте воделе љубов по неколку пати на ден сега е само далечно сеќавање, би требало повторно да го сместите на врвот од вашата листа на приоритети. Иако многумина сметаат дека сексот е нешто што треба да дојде само од себе, по напорниот работен ден и насобраниот стрес, сепак потребно е малку повеќе труд и планирање за да се вратите на старите навики.



















