10. Избегнувате непотребни интеракции со луѓе
Ако можете да ги контролирате интеракциите со другите луѓе, тогаш сте емоционално интелигентна личност. Кога се соочувате со другите не дозволувате да се разгневите или да покажете дека сте фрустрирани и нервозни.
11. Не целите кон совршеност
Тоа не значи дека не целите кон тоа да станете подобри, туку едноставно дека не сте си поставиле високи идеали кои знаете дека се невозможни.
12. Го цените она што го имате
Не заборавате на работите кои веќе ги имате во вашиот живот, а оваа навика значително го подобрува расположението, ја зголемува енергијата и прави да се чувствувате добро.
13. Знаете како да се релаксирате
Не мислите на работа 24/7, туку знаете да балансирате меѓу времето кога сериозно треба да седнете и да си ги сработите обврските и времето кога морате да се одморите за да си ја вратите енергијата.
14. Не пиете големи количини на кафе, а спиете помалку
Знаете колку кафе ви е потребно и знаете кога е време за во кревет, не се притискате да останете до подоцна само да успеете да завршите што е можно повеќе обврски или да се забавувате малку повеќе. Знаете дека сонот е клучен фактор на успешноста.
15. Никогаш не дозволувате некој друг да ви го уништи расположението
Вие сте сам свој мајстор на среќата и не дозволувате туѓите негативни емоции да влијаат на вас и да ви го уништат расположението.



















