Античките резби среде прашума прикажуваат небесни објекти и необични животни

818
Паркот Jalapão

Бразилските археолози откриле голем број камени резби стари 2.000 години на кои се прикажани човечки стапалки, фигури слични на небесните тела и фигури на животни како елени и диви свињи.

Истражувачите од Националниот институт за историско и уметничко наследство (IPHAN) идентификувале 16 предколумбиски археолошки локалитети лоцирани на карпи блиску една до друга.

„Оваа близина укажува на можна поврзаност помеѓу локалитетите и ги разјаснува моделите на населување на античките заедници што го населувале регионот“, тврди археологот и водач на истражување Rômulo Macêdo.

Непознати културни групи

Многу од новооткриените резби се симболи втиснати во камен. Тимот открил и неколку црвени слики на некои од локациите.

„Веројатно сликите се постари од резбите и се направени од други културни групи“, додава Macêdo.

  • „Откривањето на резбите е „ретко и важно“ бидејќи досега археолозите пронашле само камења од предколумбиските домородни народи на Jalapão“, објаснува археологот Marcos Zimmermann од Federal University of Tocantins.

Керамичките артефакти и камените алатки пронајдени на археолошките локалитети во Jalapão можеби биле важни предмети за создавање уметност.

„Веројатно резбите се направени со помош на остри камени алатки и парчиња дрво, додека пигментите за сликање се произведени со прашкасти минерали од железо кои се многу присутни во регионот. Прашокот се мешал со животинска или растителна маст и се нанесувал на каменот со прсти или стапчиња“, објаснува Macêdo.

Истражувањето во Jalapão сè уште не е целосно проучено. Сепак, тие имаат технички и тематски сличности со други археолошки локалитети во различни држави на Бразил, што укажува дека резбите се стари околу два милениуми.

Огромно значење на откритието

„Понатамошната анализа на камените резби и археолошките ископувања на локалитетите ќе дадат нови информации за начинот на живот и духовноста на овие автохтони групи. Овие откритија можат да фрлат светлина и на симболичниот репертоар на предколумбиските популации“, додава Macêdo.

Државниот парк Jalapão зафаќа околу 34.000 km² и е суво подрачје со дини, реки и огромни карпи, што го издвојува од околниот биом на Cerrado, голема тропска савана и екорегион познат по својата биолошка разновидност. Се наоѓа на околу 750 километри јужно од амазонската прашума.

И покрај значењето на овие откритија, паркот се соочува со закани како што се ерозија, вандализам и уништување на шумите. IPHAN најави планови за соработка со истражувачки институции за развој на проекти за зачувување и промоција на археолошкото наследство во регионот.

„Песочникот, заедно со факторите на околината како што се ветерот и сонцето, ги деградира карпестите слики“, заклучува Zimmermann.