George McLaurin бил првиот црнец кој е примен на Универзитетот во Оклахома во 1948 година.
Тој бил принуден да седи во аголот на училницата, подалеку од сите студенти и професори, но неговото име останува на почесниот список, како еден од тројцата најдобри студенти на колеџот.
Во една прилика изјавил:
„Некои колеги ме гледаа како животно, никој не сакаше да разговара со мене, професорите не ми обрнуваа внимание и не сакаа ни да ме испрашуваат. Најдов сила во сето тоа и уште повеќе му се поссветив на учењето. Не долго потоа, учениците почнаа да ми приоѓаат и бараа од мене да им објаснам и разјаснам различни прашања. Бев пресреќен што можев да им помогнам“.