Ако ве фати грч во вода, смирете се и направете го ова

819

Грчењето на мускулите нè изненадува во најразлични ситуации, но кога ќе се случи додека пливаме може да биде особено непријатно.

Грчевите се појавуваат дури и кога лежите во кревет или сте изложени на напорна физичка активност, но тогаш е лесно да се справите со нив, бидејќи се наоѓате на цврсто тло.

Ако тоа се случи додека пливате, најпрво, обидете се да останете колку што е можно посмирени.

Пред сè, одржувајте го целото тело на површина, а најдобро е тоа да го направите грбно. Така ќе го вратите телото во баланс и ќе се смирите, без да ве фаќа паника од длабочината. Дишете врамнотежено.

Грчевите се случуваат поради преголем напор и поради ладната вода, па така, полека пливајте кон надвор и обидете се да правите ритмични контракции со згрчениот мускул, колку што можете, за да дојде до негово релаксирање.

Излезете веднаш од водата, за да не ви се повтори истото додека сте внатре.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.