Малку врски опстануваат по неверство. Довербата се гради тешко, а враќањето е уште потешко.
Многу семејни терапевти признаваат дека нивните клиенти често не можат да ја надминат измамата на својот партнер.
Вистината е дека знаците за потенцијална неверство се појавуваат доста порано од реалниот чин, но едноставно нема кој да ги забележи.
И сепак има начин да направите сè што е можно за да не му давате повод на човекот до себе да побара милувања и утеха на друго место.
Погледнете како:
Не претпоставувајте дека сте имуни од неверство
Дури и да имате висока почит и да верувате дека сте совршен партнер / ка, тоа не значи дека омилен / та нема да ја проба среќата со друг / а. Не го земајте човекот до себе здраво за готово и трудете се да го одржите пламенот на љубовта и страста, и не заборавајте да ја покажувате својата љубов и почит кон својот партнер.
Препознавање на потребите и промените во врската
Во почетокот може сè да биде со цвеќиња и рози, но со текот на времето луѓето се менуваат и односите им еволуираат (и тоа не секогаш за добро). Разговарајте често со вашиот партнер, за да сте свесни за тоа како се чувствува во врската и ако почувствувате некаква несигурност и дилеми од негова / нејзина страна, опишете ги и поправете ги празнините.
Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!
Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.
Продолжува на страна 2



















