7 начини да го спречите неверството

1169

Дефинирајте што значи моногамија за вас

Прво пред себе, а потоа и на деликатен начин дајте му на партнерот до знаење што мислите за темата, за да нема недоразбирања од типот на: “Ние не бевме договорени дали сме толку сериозни!” Или “Јас не сум спиела со него, само од време на време го сонувам еротски! Тоа не е неверство!“.

Затворете ги сите патишта кон поранешните

Подобро стојте подалеку од искушенијата. Ја знаете поговорката: “Старата љубов рѓа не фаќа!”. Подобро избришете го / ја од “пријателите” во социјалните мрежи, бидејќи дури и еден ваш “лајк” или коментар под фотографија може да стане повод за сериозна драма со постојниот партнер.

Секогаш наоѓајте време за секс

Страста е она што ги прави од обичните пријатели љубовници. Кога хемијата и возбудата меѓу двајца луѓе исчезне, тие се како цимери и бараат начин да ги задоволат потребите надвор од заедничкиот кревет.

Не ги коментирајте проблемите во односите со друг маж / жена, особено ако е атрактивен/а

Додека лелекате за драмата на личен план и давате јавност на ранливоста, може лесно да се лизнете и да скокнете во туѓ кревет.

И едно од најважните нешта: Секогаш покажувајте на саканиот/а колку значи тој / таа за вас!

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.