Еве како да се однесувате према животот без диети

162

Ригорозните диети може да бидат опасни за нашето здравје, поради што нутриционистите се почесто нудат правила и совети за тоа како да одржиме на телото во здрава, витка и убава форма, без одрекувања.

Не гладувајте

Замката на гладувањето се состои во тоа што, колку долго и да се воздржувате од храна кога-тогаш ќе попуштите пред гладта. А, во тој случај ќе изедете многу повеќе од што би требало и од што смеете. Затоа, кога ќе почувствувате потреба, дозволете си меѓуоброк, кој може да се состои од: едно парче леб, 100 грама немасно сирење, парче немасна шунка или пилешко бело месо и еден немасен јогурт.

Џвакајте правилно

Секој залак треба да го изџвакате триесетина пати. На тој начин побргу ќе се заситите, помалку ќе го оптоварите желудникот, а храната полесно ќе се свари.

Пијте вода

Експертите сметаат дека најдобро е да испие околу литар и пол вода на ден. Таа ни помага да се ослободиме од отровите кои се таложат во организмот, а попатно придонесува за чувство на ситост. Газираните пијалаци треба да се избегнуваат.

Предноста на протеините

Двапати дневно дозволете си намирници кои се богати со протеини од животинско и растително потекло. Паралелно со тоа, пијте и доволно вода за да не ги преоптоварите бубрезите.

Одвојте ги протеините од јаглехидратите

Ако јадете месо или риба, прилогот нека биде варен зеленчук или блитва

Маснотиите пред пладне

Бидејќи на организмот му е потребно најмалку четири часа за да ги согори маснотиите, најдобро е да се консумираат во претпладневните или раните утрински часови. Истото важи и за слатките.

Правилото 3, 2, 1

За да ја избегнете замката на дебелеењето, потребно е да ги задоволите потребите на организмот, a на дневна основа дозволени се три лажици павлака или две лажици путер или една лажица растително масло.

Забелешка: Преземањето на оваа содржина е дозволено само ако го наведете изворот со задолжително линкување на нашиот домен и оригиналната статија!

Доколку сакате да прочитате повеќе содржини како оваа, препорачуваме да го посетите нашиот портал www.kukuriku.com.mk, а со лајк на нашата фан страна станувате дел нашето многубројно членство facebook.com/Kukuriku.mk/.