Никола Тесла, секако најголемиот ум на светот, верувал во Создателот Бог, и јасно ставил до знаење зошто токму молитвата – Оче наш, е молитва во која е создадена целата филозофија на животот!
Кога Никола Тесла бил на врвот на својата слава со почетокот на дваесеттиот век, и кога американските и светски весници пишувале дека тој е најголемиот научник во светот, американскиот поет Џонсон, пријател на Тесла, побарал од него накратко да ја презентира својата филозофија на живот.
Тесла ја прифатил понудата и напишал прекрасен есеј за тоа како целиот свој живот, од раното детство, трагал по зголемување на човековата енергија. Тој наведува дека бил длабоко изненаден и воодушевен кога, по многу години и децении на трагање, конечно го нашол одговорот, кој цело време се наоѓал веднаш до него – во христијанството, токму во молитвата Оче наш, како најдобар генератор на човековата енергија.
Молитвата Оче наш може да се толкува на различни начини, и во секој слој на молитвата се пронаоѓа некое ново и скриено значење. Еве што можете да откриете во зборовите на молитвата Оче наш!
Оче наш
Кога ќе ги кажеш овие зборови, признаваш дека тој е твојот небесен Татко, но, во исто време и татко на твојот слуга и работник, на твојот болен сосед и смртник, бидејќи ти е заповедано од Синот Божји, врховниот доносител на вистината за Бога и за луѓето да се каже “Оче наш” а не ” Отец мој”.
Меѓутоа, постои и друго гледиште, кое вели вака:
Во молитвата “Оче наш” не е изразено ништо друго освен човечката душа – кога таа на вистински начин се воздига толку да може така да се нарече, бидејќи нејзиното потекло е Божествено. Ние сме дел од Божеството. Со молитва човекот треба во часовите на потреба да се воздигне до развојната смисла на својата седумчлена природа, а седум молби изразуваат духовно-научно влијание врз човечката природа.
Кој си на небото
Продолжува на страна 2



















