Еве како ги поднесуваме раскинувањата

260

Збогувањата се секогаш тешки. Нашите емоции дивеат, а бурните емотивни доживувања и стресот имаат директно влијание на нашите тела.

Дали некогаш сте се запрашале што се случува со вашето тело по раскинувањето на љубовната врска?

Анксиозност и проблеми со спиењето

Луѓето се програмирани на тој начин што им треба човечки допир, а кога ќе го изгубат, чувствуваат болка. Потребата од меѓучовечки однос станува уште посилна со текот на времето и предизвикува анксиозност. Научните истражувања покажале дека болката по раскинувањето го активира истиот дел од мозокот што се активира во случај на зависност од кокаин.

Болка во градите

Истражувањата покажале дека по раскинувањето, луѓето примаат нервни сигнали што предизвикуваат вистинска физичка болка. На пример, овие сигнали се праќаат кога некој човек ќе истури врел пијалак и ќе се изгори. Со оглед на тоа што болката е во нашиот мозок, овие сигнали во случајов се претвораат во болка во градите, односно вистинска болка во срцето. Срцето не функционира толку добро по раскинувањето. Кај луѓето кои имале срцеви заболувања постои ризик да не се справат најдобро со стресот. Можно е да дојде и до аритмија или срцев удар.

Image result for How do our bodies handle breakups?

Проблеми со кожата

Покрај фактот што луѓето помалку се грижат за себе кога се депресивни, проблемите со кожата можат да се влошат поради стрес хормоните. Тоа може да доведе до појава на акни, па дури и опаѓање на косата.

Мускулна болка

Кога луѓето се во депресивна состојба, постои поголем ризик дека ќе се здобијат со некаква физичка повреда. Освен тоа, како последица од стресот, може да се појават грчеви во мускулите поради што тие се затегнуваат и предизвикуваат болка во различни делови од телото.

Губење на апетитот или дебелеење

По раскинувањето, многумина доживуваат проблеми со апетитот. Но, раскинувањата најчесто доведуваат до зголемување на тежината. Поради стресот, клетките стануваат помалку чувствителни на инсулинот и телото почнува уште повеќе да го лачи што резултира со насобирање маснотии. Вишокот килограми може да се последица и од несоницата, како и недостатокот од физичка активност.

На крајот, стресот се одразува и на дигестивниот систем што предизвикува болки во стомакот и дијареа.

За да се изборите со сите овие негативни влијанија, мора да останете позитивни, да разберете дека сѐ ќе биде во ред и дека сте доволно силни за да се соочите со проблемите.