Никола Тесла: “Целата филозофија на животот е изградена во молитвата – Оче наш!”

3514

3. Да биде волјата Твоја, како на небото, така и на земјата

Во небесниот духовен свет владее совршена Божја волја. Но, тоа владеење на Божјата волја не е наметната со сила туку неа духови на светлина доброволно ја усвојуваат, покорувајќи ја својата волја на Божјата волја како на единствената непогрешна.

Како и:

Животот на универзумот потекнува од Божествената еманација. Целиот универзум ја оживува универзалната волја, која се изразува во бесконечната разновидност. Волјата, значи, е центарот.

А потоа следните четири молби го велат следново:

1. Леб наш насушен дај ни денес

Бидејќи, како што не велиме Татко мој, така не велиме ниту леб мој. Таткото е заеднички за сите деца Божји и даровите на Отецот се заеднички. Ова е првиот морално-економски принцип за општествено уредување; морален затоа што признаваме дека лебот е од Бога, и економски затоа што лебот кој Бог го дава им припаѓа на сите.

Но, постои и ова гледиште:

Се однесува на физичко тело кое може да се гледа како дел од материјалните делови на нашата планета. Нејзината материја е преземена од деловите на планетата и во неа се враќа. Тоа, исто така, нѐ предупредува и да живееме во сегашен момент, затоа што бараме храна за сега, за денес.

2. И прости нѝ ги долговите наши како што ние им ги проштеваме на нашите должници

Продолжува на страна 5