3. И не нѐ воведувај во искушение
Да се искуси значи да се испитува. Ако не се направи грев, нема да има ниту испитување. Но, ние се чувствуваме слаби и му се молиме на Бог да не нѐ стави на тест, бидејќи ќе паднеме и ќе пропаднеме. Земјената власт и телесниот избор штом ќе се зачнат во луѓето, луѓето ја губат својата визија на универзалниот Отец небесен и паѓаат во очајна и смртоносна себичност, почнуваат да го слават името свое над Божјото. И не нѐ воведувај во искушение – во позитивна смисла значи спаси нѐ од искушенијата. Односно, спаси нè од нас самите.
И уште една точка на гледање:
Сé што се менува брзо и лесно, закотвено е во астралното тело, во него се сите инстинкти, желби и страсти. Тука се и сета радост и тага, сите радости и болка, сѐ она што се бранува во човечката душа. Гревовите повеќе од индивидуална природа, извршени од страна на човекот како посебна личност, произлегуваат од својствата на астралното тело. Можноста за грешки на астралното тело се нарекува искушение. Поради искушенијата поединецот прима на себе личен грев.
4. Но, избави нè од зло
Се молиме на Небесниот Отец да нè спаси од Сатаната, кој е носител на сите зла. Тој ги заслепува луѓето и заслепеноста води од илузија кон илузија, како во личниот живот така и во општествениот. Така, од дамнешни времиња Сатаната им шепоти на луѓето. И луѓето до илјада пати ја послушале, илјада пати пролеале братска крв, похулија на својот Татко небесен, и илјада пати разочарани паѓале во очајание.
И за крај:
Останува уште вина на човековото “јас”, вистинската личност. Самољубие влегло во човечкото тело и како последица на тоа, човекот станал егоистично суштество, “јас” ги следи сите нагони и склоностите на телото. Зборот зло никогаш во тајната науката не се користи за ништо друго освен за некоја грешка на човечкото “јас”, односно на нашата душа.



















